Монако нема да биде исклучен од новиот даночен закон во Франција кој предвидува плаќање на данок од 75 проценти од годишната заработка која надминува еден милион евра.
Авторот на новите измени во Законот за даноци Аник Жирарден изјави дека во име на државата даноците ќе ги собрира и Француската лига.
Првично беше предвидено „суперданоците“ да ги плаќаат само индивидуалци кои заработуваат повеќе од еден милион евра годишно, но по протестите кои ги предводеше познатиот глумец Жерар Депардије, Владата на Франција одлучи и компаниите, спортските клубови и останати организации да бидат на удар на законот.
Се очекува дека и 14 од вкупно 20 француски прволигаши ќе бидат погодени од новиот закон, а под најголем удар е Париз Сен Жермен, кој, како што се очекува, ќе треба да плати 20 милиони евра.