17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTwitter - најпосакуваниот светски работодавец во ИТ секторот

Twitter – најпосакуваниот светски работодавец во ИТ секторот

twitter2

„Twitter“ е најдобрата светска компанија за работа во технолошкиот сектор, покажува истражувањето на страницата за вработување и анализа на работните места во компаниите – „Glasdoor“.

На второто место се наоѓа „LinkedIn“, а на третото „Facebook“, кој водеше во претходните три години.

Како причина за промената на врвот се наведуваат повеќето негативни работни искуства на вработените во „Facebook“, кои произлегуваат од фактот дека компанијата значително се зголеми во текот на последните години, како и тоа што поголем број на старите вработени ја напуштија компанијата.

На глобалната листа на сите големи компании „Twitter“ се наоѓа на второто место, „LinkedIn“ на третото, „Facebook“ на четвртото, додека „Google“ го зазема шестото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП