6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто е тоа Паретов закон?

Што е тоа Паретов закон?

paretov2

Пред се да објасниме, што значи и претставува принципот 80/20 или Паретов закон. Италијанскиот економист и социолог Вилфредо Парето, дојде до заклучок, дека 80 проценти од вкупните приходи доаѓаат од само 20 проценти од клинетите, без оглед дали станува збор за компанија, банка, држава или сл.

Ако овој принцип го пренесеме во економските води, тоа значи дека 80 проценти од приходите на некое претпријатие, доаѓаат од 20 проценти од сите купувачи.

Во бизнисот принципот 80/20 има само една улога, а тоа е да се заработи што повеќе, со користење на што помалку ресурси. Тоа значи да ние мораме да ги идентификуваме оние производи/услуги кои донесуваат најголема заработка и да ги идентификуваме оние производи/услуги кои донесуваат загуба.

Основното правило е дека мал број на производи/услуги од вкупната палета на производи, носат голем профит. Поголем број на производи/услуги носат умерен или минимален профит, а некои производи/услуги носат загуба.

Кога ќе ги анализирате Вашите купувачи, ќе дојдете до заклучок дека мал број од Вашите купувачи се подготвени да платат повисока цена, но од друга страна трошоците за нивното услужување се релативно високи. Затоа е важно да ги идентификувате оние 20 проценти од Вашите купувачи кои носат 80 проценти од Вашиот профит.

Ваквиот начин на работење е поисплатив отколу целото свое внимание да го насочите кон сите. Принципот 80/20 ја промовира едноставноста и делувањето во оние насоки кои се најефективни.

Едноставноста во работењето е најдобар начин да бидете поблиску до Вашите купувачи, да го слушнете нивниот глас и тие да се почувствуваат важни. А за таковото чувство, купувачите се подготвени да платат повеќе. Овој принцип користете го не само во продажбата, туку и во секоја сфера на работењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП