3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGM излегува од PSA, пристигнуваат Кинези

GM излегува од PSA, пристигнуваат Кинези

gm-psa-alianca

Американскиот производител на возила „General Motors“ го продава својот удел во компанијата „PSA“, а французите ќе започнат преговори со кинеската компанија „Dongfeng“.

„GM“ ја соопшти одлуката веднаш откако беше објавено дека „Dongfeng“ е заинтересиран да го зголеми капиталот во Peugeot за 3.5 милијарди долари.

„GM“ учествува со седум проценти во капиталот на „PSA“, а трансакциајта ќе биде извршена со посредство на институционалните инвеститори, по цена од 10,00 дo 10,25 евра по акција со максимален попуст од 5.9 проценти на цената на затворање на берзата.

Гигантот од САД во март 2012-та година стана сопственик на дел од „PSA“ со цел да му помогне на францускиот партнер да ги преброди потешкотиите, но сега тие немаат желба да учествуваат во најавеното зголемување на капиталот.

Двете групации прецизираа дека оваа одлука на американската компанија нема да пречи во проектите за заедничко производство на возила, а првиот таков автомобил на пазарот ќе се појави во почетокот на 2016-та година. Годишното производство би требало да изнесува околу 700.000 возила.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП