25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНа азербејџанскиот пазар заедно ќе настапат македонски и турски компании

На азербејџанскиот пазар заедно ќе настапат македонски и турски компании

baku

Можностите за настап на македонски компании на азербејџанскиот пазар, како значајна земја во каспискиот регион, беа тема на денешните разговори на делегацијата на Стопанската комора на Македонија со претставници на Стопанската комора на Азербејџан.

Во тек на посетата на Азербејџан на македонската стопанска делегација, предводена од претседателот на Комората Бранко Азески, договорено е учество на компании од Македонија на неколку значајни саемски манифестации, средување на правната рамка за билатерални економски релации, подобрување на системите за размена на информации и организирање бизнис-форум со аербејџански компании.

– Доколку се исполнат  тие предуслови, констатирано е дека постои можност наскоро да ги видиме нашите производи на овој значаен регионален пазар, соопшти Стопанската комора на Македонија.

Република Азербејџан има БДП од 93,5 милијарди долари,  а по глава на жител БДП од 10.000  долари. Извозот на Азербејџан изнесува 34,5 милјарди долари, а  увоз на стоки и услуги во вредност од  10,2 милијарди долари. Досегашната  размена на Македонија со оваа кавкаска земја е на многу ниско ниво. На азербејџанскиот пазар сме застапени само со стоки од фармацевтската и прехранбената индустрија.

– Во насока на отворање нови пазари за нашите компании треба  да се напомене и минатонеделниот договор на Стопанската комора на Македонија со Унијата на турските комори (ТОББ) за заеднички настап на нашите и турските компании на азербејџанскиот пазар, соопштуваат од Стопанската комора на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП