23 април, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Владата на Србија по итна постапка ќе упати писмо за намери за производство на нови модели на возила на „Фиат“ во погоните во Крагуевац, пишува „Вечерње новости“. Новиот модел на „Фиат“ може да се симне од производните ленти во Крагуевац за две години. „Фиат“ во средата соопшти дека во следните неколку години ќе инвестираат дури девет милијарди евра во нови модели.

Белград – Поради сивата економија, Србија годишно губи потенцијални буџетски приходи од околу 3 милијарди евра или два отсто од буџетскиот дефицит. Тие приходи се губат во неповрат поради неплатени даноци, акцизи и царини на стоки во вредност од околу 12 милијарди евра, со кои се тргува преку нелегални канали, оценија економските експерти.

Љубљана – На Словенија ќе и требаат 4,778 милијарди евра за докапитализација на ослабените банки, изјави гувернерот на Централната банка на Словенија, Боштијан Јазбец, повикувајќи се на резултатите на стрес тестовите кои ги спроведе Европската унија. Пред објавувањето на резултатите, словенечката Влада соопшти дека оставила на страна 4,7 милијарди евра за докапитализација на банките, кои се оптоварени со лоши кредити.

Бишкек – Парламентот на Киргистан одобри продажба на презадолжената државна компанија „Киргизгаз“ на руски „Газпром“ за само 1 долар. Двете компании кон крајот на јули потпишаа меѓувладин договор во Москва, со кој е договорено „Газпром“ за симболична сума да добие мнозинска контрола над „Киргизгаз“, а осум отсто од фирмата да биде во раце на Социјалниот фонд на Киргистан и на поединци.

Токио – Јапонскиот Парламент во рамки на ребалансот на Буџетот за тековната фискална година, што трае до март 2014 година, одобри стимулирачки мерки во вредност од повеќе милијарди долари за забрзување на успорениот економски раст и за намалување на последиците од зголемувањето на данокот на промет во април идната година. Новите мерки од 5,5 билиони јени (53 милијарди долари) наменети се за отворање на 250.000 работни места и градежни проекти, 600 милијарди јени (5,8 милијарди долари) ќе отидат на субвенционирање на продажбата на недвижности, додека секое дете од семејство со ниски и средни примања ќе добие еднократна помош од 10.000 јени (100 долари). Јапонскиот премиер Шинзо Абе претходно вети нови стимуланси за да ги намали последиците од трипроцентното зголемување на данокот на промет во април следната година на осум отсто.

Токио – Јапонската патничка мрежа „Шинкансен“ секојдневно превезува по 930.000 патници. Кога има навалица, возовите од станиците во урбаните центри возат во просек на секои шест минути. Меѓутоа, по 50 успешни години од примената на оваа технологија и на тие возови им треба обновување. Најбрзиот воз на компанијата „Шинкансен“ се движи со брзина од 320 километри на час, а брзиот развој му донесе и многу ривали, не само во европските градови, туку и во Кина.

Отава – Најголемиот канадски авиопревозник „Ер Канада“ од американската компанија „Боинг“ нарача 109 авиони од модел „Б-737 МАКС“. Испораката е планирана во период од 2017 до 2021 година.

Њујорк – САД во 2015 година ќе станат најголем светски производител на нафта, благодарение на драстичниот раст на производство на „црно злато“ од шкрилци, оценуваат експертите. Еден од главните менаџери на италијанскиот гигант ЕНИ, Леонардо Мауџери, исто така верува дека САД ќе станат најголем производител на нафта, но предвидува дека тоа ќе се случи во 2017 година. САД во октомври првпат во последните 10 години имаа поголемо домашно производство на нафта од увозот на оваа стратешка суровина, пред се поради зголеменото производството на енергенсот во Северна Дакота и Тексас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП