30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIATA ја зголеми прогнозата за профитот

IATA ја зголеми прогнозата за профитот

iata1

Меѓународното здружение на авиопревозници „IATA“ ја зголеми прогнозата за профитот за 2013 година на 12,9 милијарди долари, наведувајќи ги како причина намалените цени на горивата и спојувањето на компaниите.

„Ја зголемивме прогнозата за глобалниот профит за оваа година на 12,9 милијарди долари, а во наредната година очекуваме заработка од 19,7 милијарди долари“, изјави директорот на компанијата Тони Тајлер, пренесува агенцијата Франс прес.

Според прогнозата во септември, „IATA“ во 2013 година очекуваше профит помал од 1,2 милијарди долари, а во наредната година 3,3 милијарди долари во однос на новата прогноза.

„Очекувањата се зголемија, пред се благодарение на падот на цената на нафтата и позитивното влијаније од спојувањето на компаниите, како и заедничките вложувања“, изјави Тајлер, додавајќи дека, доколу прогнозата за 2014 година биде остварена, тоа ќе биде најголемиот досегашен профит во секторот за авиосообраќај.

„Профитот од 19,7 милијарди звучи како голема сума, а всушност и така е, но таа сума е поделена на неколку стотици авиопревозници, кои ќе остварат приходи од околу 743 милијарди долари и ќе пренесат околу 3,3 милијарди патници“, додаде Тајлер.

Глобалните авиопревозници минатата година остварија профит од 7,4 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП