6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛитванија го усвои буџетот за 2014

Литванија го усвои буџетот за 2014

litvanija145

Парламентот во Литаванија вчера го усвои буџетот за 2014 година, кој предвидува намалување на буџетскиот дефицит на 1,9 проценти од БДП од 2,9 проценти кои беа забележани оваа година.

За буџетот гласаа 81 пратеник, 32 против, а 14 воздржани, пренесува агенцијата Франс прес.

Литванија сака да стане членка на еврозоната, а за членство во тој блок потребен е буџетски дефицит под три проценти од БДП.

Според очекувањата на Литванија, земјата во 2015 година би требало да влезе во еврозоната.

„Ние држиме строга финансиска дисциплина“, изјави литванскиот премиер Алгирдас Буткевичиус во обраќањето во парламентот.

Буџетот на наредната година предвидува расходи од 9 милијарди евра и приходи од 8,7 милијарди евра, со прогнозиран раст од 3,7 за оваа и 3,4 проценти за наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП