2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва е најбогатата земја во ЕУ

Ова е најбогатата земја во ЕУ

luksemburg1

Луксембург и понатака останува најбогатата земја во Европската унија, а Бугарија, и покрај напредокот во последните три години сеуште е најсиромашната, соопшти Еуростат.

Бруто домашниот производ (БДП) на Луксембург по глава на жител, измерен со индексот за куповната моќ, во 2012 година изнесуваше 263 евра, што е за два ипол пати поголем од просечните 100 евра во ЕУ, пренесува агенцијата АП.

Зад Луксембург, со 30 проценти поголем БДП по глава на жител од просекот во ЕУ е Австрија со 130 евра по глава на жител, на третото место е Ирска со 129 евра, потоа Холандија со 128 евра, Шведска, Данска, Германија со 120 евра и Белгија.

На деветото место е Франција со 109 евра, зад неа е Велика Британија со 108 евра и Италија со 103 евра.

Малта, Словенија и Чешка имаат од 10 до 20 проценти поголем БДП по глава на жител од просекот во ЕУ, додека Словачка, Португалија, Грција, Литванија и Естонија 20 до 30 проценти под европскиот просек.

Хрватска, со БДП по глава на жител од 38 проценти помал од просекот во ЕУ, се наоѓа во групата со Полска, Унгарија и Летонија.

Бугарија, која стана членка на ЕУ во 2007 година, има БДП по глава на жител од 47 евра, а Романија е втората најсиромашна земја во Унијата со просек од 50 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП