2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНа „Твитер“ се користат 61 јазик, најмногу англиски и јапонски

На „Твитер“ се користат 61 јазик, најмногу англиски и јапонски

Twitter-bird

Додека „Твитер“ се стреми да стане една од највлијателните социјални мрежи, компанијата „Семиокаст“ направи истражување за јазиците кои неговите корисници најчесто ги користат.

На прво место на списокот јазици што се користат на Твитер, секако е англискиот. Него го зборуваат дури 34 отсто од корисниците.

Следуваат јапонскиот со 16 проценти и шпанскиот со 12 отсто корисници. Во голема мера се застапени и малајскиот, португалскиот, арапскиот, францускиот, турскиот, таи и корејскиот, а на списокот се наоѓаат вкупно 61 јазик.

Десетина земји од кои доаѓаат најголемиот број корисници на „Твитер“ се САД, Јапонија, Индонезија, Бразил, Велика Британија, Тајланд, Аргентина и Турција.

Бројот на активни корисници на оваа мрежа од 2010 година до денеска се зголеми од 30 на 232 милиони.

Сепак, Твитер се уште не се проби на врвот на најпопуларни социјални мрежи во светот. На прво место се наоѓа „Фејсбук“ со 51 отсто од корисниците, а следи „Гугл+“ со 26 проценти.

На трето место е „ЈуТјуб“ со 25 отсто, а потоа следи „Твитер“ со 22 проценти од корисниците на Интернет во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП