22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворен „Капитол Мол“, домашна инвестиција вредна 30 милиони евра

Отворен „Капитол Мол“, домашна инвестиција вредна 30 милиони евра

kapitol

Скопје денеска доби нов трговски центар „Капитол Мол и Резиденс“, домашна инвестиција во вредност од 30 милиони евра, со која се отворени 500 нови работни места. Во трговскиот центар што се простира на вкупна површина од 35.000 метри квадратни во општината Аеродром, Мигрос групацијата ја реализира 12 инвестиција во Македонија со отворање супермаркет „Рамстор“.

Новиот објект беше пуштен во присуство на претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Никола Груевски, на кои инвеститорот Ајдован Адемовски им врачи благодарници за поддршката што ја добил во реализација на инвестицијата. Присуствуваа и министри, пратеници, претставници на дипломатскиот кор и на бизнис заедницата во државава.

„Капитол Мол и Резиденс“, според премиерот Груевски, е уште една успешно реализирана инвестиција во Макеодноја.

–  Овој трговски комплекс има свое функционално,  естетско, но и севкупно значење за општината Аеродорм и за Градот Скопје. Целокупната инвестиција се проценува на 30 милиони евра,  а изградбата на новиот трговски центар значеше ангажман на  многу домашни фиорми и работници. Неговиот почеток со работа значи отворање на околу 500 работни места, рече Груевски.

Новите содржини, укажа, значат  нова понуда и можност за задоволување  многу општетсвени, социјални и културни  потреби на граѓаните, а неговиот изглед нова симболика и освежување на градскиот простор.

Премиерот Груевски посочи оти се надева дека трендовите со реализација на инвестиции  ќе продолжат и истакна оти и во иднина ќе продлжи поддршката од Владата за сите домашни и странски инвеститори  за реализација на нивните планови за инвестирање во Македонија.

Според Адемовски, „Капитол Мол и Резиденс“ е убава македонска инвестиција реализирана со поддршка на домашните банки Тутунска и Халк банка.

–  Од идеја на хартија за само 18 месеци направивме објект со повеќе намени и разновидни содржини, комплекс, кој што, убеден сум, ќе стане препознатливо, модерно и пријатно место, не само за граѓаните на Аеродором, туку за сите кои живеат во Скопје и во Македонија. Нашиот Капитол Мол и Резиденс ќе го направи поубав и поквалитетен живот на градот во целина, рече Адемовски.

Првите четири нивоа од 12.500 метри квадратни се наменети за шопинг центар, а 8.000 м2 се одвоени за резиденцијалниот – станбениот дел на горните четири катови. Паркинг просторот е на три нивоа под земја, со вкупна површина од 15.000 м2.

Шопинг центарот „Капитол мол“ има 62 локала, со модерни бутици од познати интернационални, регионални и локални брендови, ресторан и фаст фуд дел,  детски центар и места за забава за посетителите од сите возрасти.

На изградбата на објектот беа ангажирани над 250  работници, од преку 50 компании (изведувачи и подизведувачи), повеќето од земјава и неколку од странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП