3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина се надева дека брзо ќе постигне договор со „тројката“

Атина се надева дека брзо ќе постигне договор со „тројката“

atinatrojka

Грчката Влада се надева дека веќе следната недела ќе постигне договори со „тројката“ меѓународни кредитори (ЕУ, ЕЦБ и ММФ) за прашањата од кои зависи деблокирањето на новата транша од кредитите за земјата.

– Преговорите продолжуваат во конструктивен дух и се надевам дека што е можно поскоро ќе се најде решение за сите клучни прашања, изјави денеска грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас по средбата со премиерот Андонис Самарас.

Високите претставници на „тројката“, кои вчера пристигнаа во Атина, се очекува да заминат од Грција следната недела.

Во понеделникот Струрнарас изјави дека претставниците на „тројката“ евентуално во јануари повторно ќе се вратат во Грција.

Владата и „тројката“ вчера во Атина почнаа нов круг разговори, откако ги надминаа разликите што главно се однесуваа на иднината на компанијата за оружје ЕАС, која е презадолжена, и за укинувањето на мораторумот на конфискувањето недвижни имоти, што треба да се оствари под одредени услови.

Анализата на спроведените реформи на грчката Влада, што „тројката“ ја почна во септември, и кој беше прекинувана неколкупати, има за цел да се согледаат состојбите пред исплатата на следната транша од помошта во износ од една милијарда евра. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП