18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Меккинзи“: Земјите од Источна и од Централна Европа имаат предуслови за силен...

„Меккинзи“: Земјите од Источна и од Централна Европа имаат предуслови за силен економски раст

mckinsey

Земјите од Источна и од Централна Европа имаат добри можности за силен економски раст, се наведува во истражувањето на консултанската компанија „Меккинзи“.

Експертите од компанијата посочуваат дека е можен раст од четири до пет проценти, колкав што беше и пред светската економска и финансиска криза, пред се во земјите-членки на Европската унија – Бугарија, Хрватска, Полска, Унгарија, Чешка, Романија, Словачка и Словенија.

Како претпоставкки за враќање на високото темпо на економски раст експертите ги посочуваат инвестициите во изградба на инфраструктурата и во вклучување на нови пазари за извоз надвор од ЕУ.

Експертите тврдат дека досега посочеите земји ги привлекувале западни инвеститори пред се поради евтината работна рака. Инвестициите во нови технологии исто така треба да помогнат да го достигнат Западот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП