2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОд Австралија си заминува и Toyota?

Од Австралија си заминува и Toyota?

toyota aust

По вестите дека две големи компании, „Ford“ и „General Motors“ (Holden), ќе престанат да произведуваат автомобили во Австралија, од „Toyota“ најавија дека ќе ја разгледаат одржливоста на своето производство на тој континент.

„Toyota“ во средата потврди дека најновиот потег на „General Motors“ и згаснувањето на австралискиот „Holden“ ја доведува во незгодна ситуација локалната мрежа на добавувачи на авто-делови и способноста на јапонската компанија да продолжи со изработка на автомобили во Австралија.

Од „Toyotа“ се уште не пристигна најавата дека и тие би можеле да ги следат стапките на „Ford“ и „GM“.

Сепак, најавено е дека наскоро ќе се разговара со најголемите акционери и добавувачи, како и со тамошната влада, со цел да се процени можноста за опстанок на „Toyotа“, како единствениот преостанат производител на автомобили во Австралија.

„Не натажи одлуката за згаснувањето на „Holden“, но ние засега ќе продолжиме со нашето производство според претходните планови“, велат од „Toyotа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП