2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОЕЦД: Забрза растот на економиите од групата Г20

ОЕЦД: Забрза растот на економиите од групата Г20

g201

Економскиот раст на Групата – Г20, односно најразвиените земји и земјите во развој во третиот квартал забрза на 0,9 проценти од 0,8 проценти во претходните три месеци, соопшти ОЕЦД.

Кина во овие три месеци заклучно со септември евидентираше економски раст од 2,2 проценти, во однос на 1,9 проценти од вториот квартал, се наведува во соопштението на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), пренесува агенцијата Франс прес.

Уште еден азиски гигант, Индија, речиси двојно го зголеми својот раст на 1,9 проценти од еден процент. Бразил, исто така, земја во развој, евидентираше негативен економски раст од 0,5 проценти, за прв пат од почетокот на 2009 година.

Во Јапонија и Германија економскиот раст забави на 0,3 проценти, додека во САД растот забрза на 0,9 проценти од 0,6 проценти од минатиот квартал, наведуваат од ОЕЦД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП