6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo XC Concept Coupe

Volvo XC Concept Coupe

xl_Volvo-XC-Coupe-Concept-Rear

„Volvo“ објави видео запис со кој го најавуваат „XC Concept Coupe“. Ова возило го следи новиот дизајнерски стил на „Volvo“ автомобилите кој беше презентиран на „Concept Coupe“ на саемот за автомобили во Франкфурт.

Врз основа на неколкуте детали на концептот, кои за момент можат да се дознаат на ова видео, станува збор за автомобил со повисока силуета со три врати и карактеристични стоп-светла.

Предниот дел на „XC Concept Coupe“, според дизајнот на фаровите и маската на ладилникот, многу потсетува на „Concept Coupe“. Меѓутоа, со оглед дека во овој случај станува збор за автомобил кој има карактеристики на „SUV“- кросовер возило, се претпоставува дека овој концепт ја најавува новата генерација на моделот „Volvo XC90“.

Од компанијата засега не откривааат повеќе детали, освен тоа дека концептот ќе има премиера на авто-саемот во Детроит кој ќе се одржи во јануари следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП