28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРен: На Словенија не и треба помош од еврозоната

Рен: На Словенија не и треба помош од еврозоната

oliren1

Резултатите од „тестовите за здравјето“ на словенечките банки покажуваат дека оваа земја нема да има потреба да побара помош од еврозоната, изјави денес комесарот на ЕУ за економски и монетарни прашања Оли Рен.

Тестовите покажаа дека на словенечките банки им се потребни околу 4,8 милијарди евра свеж капитал, што е износ кој словенечката влада најверојатно може сама да го собере.

„Денес е јасно дека Словенија може сама да го започне средувањето на својот финансиски сектор без да побара помош од своите европски партнери“, соопшти Рен.

Централната банка на Словенија претходно објави дека на банките во оваа земја им е потребен дополнителен капитал од 4,8 милијарди евра, од кои околу три милијарди евра се потребни само за државните банки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП