Скапоцениот камен на Сардинија, островот Будели, наскоро може да биде ставен на аукција по почетна цена од 3,2 милиони евра.
Откако сопствениците на островот прогласија стечај, Италија и покрај противењето од страна на домашната јавност, ќе мора да продаде еден од најпознатите, потполно заштитен приватен остров во земјата.
Будели со големина од 175 хектари, е дел од националниот парк на архипелагот, а песокот на неговите плажи има розева боја, поради присуството на микроскопски фрагменти од корали и школки.
Поради тоа што станува збор за заштитен остров, на истиот е забранета изградба на нови објекти.
Островот Будели стана познат по снимањето на филмот „Црвена пустина“ на италјанскиот режисер Микеланџело Антонини.
Островот е идеален за богати луѓе кои сакаат апсолутна приватност. Потврда за тоа е податокот за луксузната вила на Силвио Берлускони.
Со цел љубопитните да се држат под контрола, во растојание од 100 метри од брегот, не е дозволено возење со чамци.