8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПреку лотарија до работа во супермаркет

Преку лотарија до работа во супермаркет

Најсреќните купувачи во италијанскиот супермаркет „Uan prajs“ ќе добијат работа како асистент на продавач во тој маркет.

На лотарија ќе бидат извлечени 12 купувачи, а на учество во наградната игра, во која наградата е работно место, и на тоа се согласиле 90 проценти од купувачите.

Ланецот на италијански супермаркети „Uan prajs“, им понуди на своите купувачи да учествуваат во лотаријата на која наградата е работа во супермаркетот.

Како што пренесува њујоршката агенција за економски информации „Blumberg“, во лотаријата може да учествува било кој муштерија на ланецот маркети, кој потрошил повеќе од 30 евра при купување.

Победникот, на одредено време, ќе добие работа како асистент продавач. Добитникот е обврзан да работи на тоа работно место со скратено работно време – четири часови дневно.

Наградни работни места има 12, а месечната плата на победниците ќе им биде 1.100 евра.

Во компанијата „Grupa BSE“ која управува со „Uan prajs“ во Рим, велат дека некои учесници се интересирале за тоа дали можат наградата, се разбира доколку ја добијат, да ја пренесат на некои роднини или пријатели на кои им е потребна работа.

На лотаријата се согласиле 90 проценти од купувачите кои ги исполнуваат условите за наградната игра. Италијанската економија моментално е во четврта рецесија од 2001 година, а невработеноста во последно време расте.

Во петокот, националната агенција за статистика објави дека стапката на невработеност во октомври оваа година достигна рекордно ниво од 11,1 процент, пренесува француската новинска агенција „AFP“, што е наголема стапка во последните 13 години.

Во еврозоната нивото на невработеност во октомври достигнало 11,7 проценти, рекордна стапка по воведувањето на заедничката европска валута од 1999 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП