2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDelta Airlines го зголеми профитот за 70%

Delta Airlines го зголеми профитот за 70%

delta1del2

Американскиот авиопревозник „Delta Airlines“ потврди дека во 2013 година ќе оствари бруто профит од 2,6 милијарди долари, во споредба со 1,6 милијарди во минатата година.

Нето долгот на оваа компанија би требало да биде намален на 9,6 милијарди долари, додека во 2012 тој изнесуваше 11,7 милијарди долари, пренесува агенцијата АПФ.

Приходите од продажбата во тековната година ќе изнесуваат околу 40 милијарди долари, во однос на 36,7 милијарди во минатата година, се додава во соопштението.

За да привлече нови клиенти „Delta Airlines“ оствари соработка со некои странски компании, како што е британската „Virgin Atlantic“ и ја зголеми активноста на дестинациите кои бележат силен раст, како Њујорк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП