28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir Canada нарача над 100 авиони од Boeing

Air Canada нарача над 100 авиони од Boeing

er kanada

Најголемиот канадски авио-превозник „Air Canada“ нарача од авио-производителот „Boеing“ 109 авиони од моделот „737 MAX“.

Целта на оваа компанија да ја замени веќе постоечката флота која е составена воглавном од авиони на производителот „Airbus“, а вкупната вредност на овој договор е од околу 6.5 милијарди долари.

Според информациите од „Air Canada“, испораката на авионите е планирана во периодот од 2017-та до 2021-ва година, пренесуваат светските медиуми.

Благодарејќи на оваа програма, компанијата ќе добие енергетски поефикасна флота, па така тие очекуваат намалување на трошоците за гориво и одржување за дури 20 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП