20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајплатената жена во музичката индустрија е... (видео)

Најплатената жена во музичката индустрија е… (видео)

madona1

Поп пејачката Мадона е најплатената жена во музичката индустрија со заработка од 125 милиони долари, пишува магазинот Форбс.

Новото признание не дојде како големо изненадување, со оглед на тоа што Форбс неодамна, благодарение на нејзините годишни приходи, ја прогласи Мадона за најплатената позната личност генерално.

Повеќето пари од јуни 2012 до јуни 2013 година, Мадона ги заработи на турнејата (MDNA), но и од продажбата на облека и парфеми.

На второто место е Лејди Гага со 80 милиони долари, а на третото е Тајлор Свифт со заработка од 55 милиони долари.

Како што пренесува Ројтерс, Форбс листата ја составува врз основа на приходите од продажбата на плочи, концерти, турнеи, стока, но и интервјуа во целиот свет.

На четвртото место на листата е Бијонсе со заработка од 53 милиони долари, додека на петтото е Џенифер Лопез со 45 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП