ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајдобрите пет таблети за оваа година (фото)

Најдобрите пет таблети за оваа година (фото)

tableti nula

Таблетите за многу кратко време станаа една од најпопуларните категории на уреди во светот и скоро да не постои производител кој не претстави барем еден модел во оваа година.

Некои се фокусира на квалитетот на екранот, други на издржливоста на батеријата и моќта на хардверот. Сепак, на купувачите е да одлучат кој модел најмногу им одговара. Ние ги издвоивме петте модели кои сметаме дека оваа година го унапредија пазарот на таблети.

„iPad Air“.

TABLETI 1

Како и секоја година, „iPad“ поставува нови рекорди кога продажбата е во прашање, па ни оваа не се разликува во тој сегмент. Новата генерација донесе нови име – „Air“, а во него се наоѓа најмоќниот процесор досега.

„Microsoft Surface Pro 2“.

TABLETI 2

Втората генерација на таблети од „Microsoft“ ги подобри некои од недостатоците на кои корисниците замеруваа во првиот модел. Ова е вистински бизнис таблет, кој со сите „doking“ станици и додатоци, кои нудат одлично „Windows“ искуство. Наменет е првенствено за работа.

„LG G Pad 8.3“.

TABLETI 3

Иако е претставен пред само неколку недели, многумина ги привлече интересниот дизајн, солидниот хардвер и пристапната цена. Големината на екранот не е карактеристична за таблетите, но сепак е доволна за да задоволи голем број на корисници.

„Sony Xperia Z“.

TABLETI 4

Јапонскиот производител успеа да се врати на старите патеки на слава со серијата „Xperia Z“. Покрај телефонот и фаблетот, нивниот водоотпорен таблет со десет инчи е со одличен екран, мала тежина и мали димензии, а со тоа е еден од подобрите модели во оваа година.

„Nexus 7“.

TABLETI 5

Кога станува збор за односот цена и квалитет, тука серијата „Nexus“ е апсолутен победник. Втората генерација доаѓа со две камери, подобар процесор, „fullHD“ екран и тежина од само 260 грама.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП