2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПочнува со работа трговскиот центар „Капитол“

Почнува со работа трговскиот центар „Капитол“

kapitol

Во скопската општина Аеродром денеска ќе биде официјално отворен трговскиот центар „Капитол мол и резиденс“ кој се простира на површина од 33.500 метри квадратни. Инвестицијата е на домашната компанија Сити Плаза ДОО Скопје, поддржана од банките во Македонија, а вредноста е 30 милиони евра. Ќе овозможи отворање на 500 работни места.

Првите четири нивоа од 12.500 метри квадратни се наменети за шопинг центар, а 6.000 м2 се одвоени за резиденцијалниот – станбениот дел на горните четири катови. Паркинг просторот е на три нивоа под земја, со вкупна површина од 15.000 м2.

Шопинг центарот „Капитол мол“ има 62 локала, со модерни бутици од познати интернационални, регионални и локални брендови, ресторан и фаст фуд дел,  детски центар и места за забава за посетителите од сите возрасти.

На изградбата на објектот беа ангажирани над 250  работници, од преку 50 компании (изведувачи и подизведувачи), повеќето од земјава и неколку од странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП