2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

– Вработеноста во францускиот пазарен сектор (не сметајќи го земјоделието) падна во третиот квартал 0,1 отсто, па бројот на изгубени работни места во овој сектор изнесуваше 15,600, соопшти францускиот Национален институт за статистика INSEE. Бројот на затворените работни места во претходниот квартал во трговијата изнесуваше 37,700, додека за 12 месеци од септември 2012 до септември 2013 година достигна 132.500, се додава во соопштението.

– Американскиот автомобилски гигант Џенерал моторс соопшти дека ќе го запре производството на возила и мотори во Австралија до крајот на 2017 година, што ќе биде голем удар за индустријата на оваа земја. Компанијата во соопштението наведе дека ќе изврши транзиција на компанијата во фирма за продажба на автомобили во рамки на реформите на своето глобално работење.

– На евиденцијата на Хрватскиот завод за вработување кон крајот на ноември имало 356.864 невработени, што е 3,6 отсто повеќе од октомври. Тоа е трет месец по ред да се бележи раст на бројот на невработените на месечно ниво, во однос на претходниот месец.

– Со новите прописи изгласани во САД се воведува строга контрола над тргувањето на банките со сопствени средства. Долго очекуваното Волкерово правило, кое треба да стапи на сила на 21 јули 2015 година исто така ги загрижува банките да основаат хеџ фондови или приватни акционерски фондови, за да се дистанцираат од финансиски ризични активности.

– До крајот на 2013 година ќе се соберат 2,5 милијарди тони разни житарици, а овогодишниот принос во светот е за 8,4 отсто поголем од ланскиот, наведоа агенциите. Оваа година времето беше поволно за фармерите. Собираме многу повеќе пченица, сточна храна и ориз од претходната година. Најдобри резултати забележани се во производство на пченка, посебно во Русија, САД и Украина.

– Нобеловецот Пол Кругман верува дека идниот развој и раст на светската економија ќе биде обезбеден најмногу благодарение на развојот на вештачката интелигенција и роботика. Кругман на својот блог, кој со години го објавува највлијателниот дневен весник Њујорк тајмс, се спротивстави на песимистичките гледања на иднината на планетарната економија, оценувајќи дека тезите за претстојната илјада годишна стагнација поради крајот на техничкиот прогрес, се погрешни.

– Италијанската економија стагнираше во третото тромесечје оваа година, по две години константен пад. Италијанскиот завод за статистика Истат ги корегираше претходните прелиминарни податоци за падот на БДП во третиот квартал од 0,1 отсто на нула отсто.

– Португалија идната година треба да се врати на патеките на растот, по повеќе од 2 години рецесија, соопшти централната банка на таа земја. Португалија во 2014 година треба да излезе од пакетот помош од 78 милијарди евра, кој на таа земја во 2011 година го доделија ММФ и ЕУ, како и да се врати на пазарите за да може сама да се финансира, се додава во соопштението на банката.

– Извршниот директор на Џенерал моторс Ден Акерсон ќе ја напушти таа функција идниот месец, а на негово место ќе дојде Мери Бара. Компанијата наведе дека Акерсон, кој исто така е претседател на компанијата, ќе замине од функцијата на 15 јануари, поместувајќи го своето планирано заминување за неколку месеци порано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП