4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Zafira ќе се произведува во фабриката на PSA

Новата Zafira ќе се произведува во фабриката на PSA

zafirata

„Peugeot-Citroen“ (PSA) во рамките на изменетиот план за соработка со компанијата „General Motors“ ќе ја произведува новата генерација на моделот „Opel Zafira“ во својата фабрика во Сошо. Како што е наведено во соопштението на „PSA“, француската и американската компанија се откажале од заедничкиот развој на платформата за автомобилите од „B“ сегментот и моторите со мала зафатнина.

Наместо тоа, тие ќе работат на нов проект за развој на лесни комерцијални возила од типот на „Berlingo-Partner“.

Во согласност со намалувањето на обемот на соработка, кој првично се проценува на околу две милијарди долари годишно (1,45 милијарди евра), почнувајќи од 2018-та година, „PSA“ смета на работа во вредност од околу 1.2 милијарди долари за двете групации.

Во фабриката во Сошо, која „Peugeot“ ја отвори уште во 1912-та, моментално се произведуваат моделите „308“, „3008“, „5008“ и „Citroen DS5“. „Opel“ актуелната „Zafirа“ ја изработува во својата фабрика во Бохум во Германија, која планираат да ја затворат кон крајот на 2014-та, а производството ќе се пресели во Ризелсхајм.

Првите заеднички возила на двете компании, меѓу кои е и новата „Zafira“, би требало да се појават на пазарот во 2016-та година. Во рамките на соработката на компаниите „GM“ и „PSA“, планирано е производство на повеќе од 700.000 автомобили годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП