2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЖена го превзема „воланот“ во Џенерал Моторс

Жена го превзема „воланот“ во Џенерал Моторс

meri bara

Мери Бара е првата дама на толку висока позиција во историјата на автомобилската индустрија. Таа од јануари следната година ќе ја превземе функцијата на нов извршен директор на автомобилскиот гигант Џенерал Моторс.

Изборот не е неочекуван. 51-годишната Бара е инженер по професија и веќе 33 години работи за компанијата во која има голем придонес за успесите. Нејзината намера е да ја продолжи политиката на својот претходник.

„За мене е голема чест да ја добијам можноста да го водам овој тим. Целта ми е да продолжиме со трендот да ги произведуваме најдобрите автомобили и да им носиме профит на нашите акционери“, вели Бара.

Меѓу приоритетите на Бара е компанијата да стигне до сите пазари и да обезбедува висококвалитетни производи низ целиот свет.

„Се започнува и завршува со понуда на квалитетни производи. Она што ние сме цврсто решени да го правиме е да обезбедиме квалитетни производи на глобално ниво“, додава таа.

Уште пред да го заземе престижниот пост, Мери Бара беше прогласена за една од највлијателните жени од најавторитетните бизнис списанија Форбс и Фортуна.

Инаку Мери Бара на 15-ти јануари ќе го замени досегашниот шеф Дан Ејкерсон, кој заминува во пензија. Промената била планирана за средината на 2014-та година, но Ејкерсон одлучил порано да се повлече, а причината за тоа се проблемите со здравјето на неговата сопруга.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП