26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд 2016 година акционерите и големите депозитари во ЕУ на удар доколку...

Од 2016 година акционерите и големите депозитари во ЕУ на удар доколку пропадне банка

bankee

Европскиот парламент и експерти од 28-те држави-членки постигнаа договор за воведување нови правила за тоа кој треба да поднесе најголем товар при пропаѓање на банка.

По една и пол година преговори во ЕУ и европските институции одлучено е државите веќе да не компензираат загуби на ликвидирани банки и да плаќаат за преструктуирање.

Според договорот, најмногу од загубите ќе поднесат акционерите и големите штедачи, односно оние кои имаат депозити над гарантираните во ЕУ 100.000 евра.

Договорот се однесува за проектот за систем за ликвидација на банки кој е еден од трите основни елементи на идната банкарска унија во ЕУ.

Новиот режим стапува на сила од 1 јануари 2016 година, две години порано од предвиденото.

Претстои проектот да биде одобрен од министрите за финансии од ЕУ кои во следната недела ќе имаат вонредна седница. Многу веројатно е проектот да биде ставен на разгледување на средбата на ЕУ на 19 и 20 декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП