24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Латинска Америка и се насмевнува профит

На Латинска Америка и се насмевнува профит

latame

Економиите на Латинска Америка и Карибите ќе напредуваат со побрзо темпо во 2014 година благодарение на оптимистичката глобална прогноза.

Имено, се прогнозира дека ќе дојде до раст на побарувачката за извоз од тие земји, соопшти денес организацијата на Обединетите нации (ОН).

Регионалната економска гранка на ОН во Чиле наведува дека наредната година се очекува раст од 3,2 проценти во земјите од Латинска Америка, во однос на очекуваниот раст од 2,6 проценти од 2013 година, пренесува агенцијата АП.

ОН наведува дека прогнозата за раст за тековната година е намалена од три проценти, колку што првично се очекуваше, поради финансиските турбуленции и падот на домашната потрошувачка. Сепак, се очекува дека поволните надворешни услови ке придонесат за зајакнувањето на побарувачката за извоз од регионот на Латинска Америка.

ОН во 2014 година очекува раст од 2,6 проценти во Бразил, во однос на 2,4 проценти од оваа година, додека мексиканската економијата би требало да напредува за 3,5 проценти, по растот од 1,6 проценти во 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП