26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов симбол на рубљата

Нов симбол на рубљата

rouble124

Банката на Русија избра нов графички симбол за рубљата – кирилична буква „Р“, чија вертикална линија ја пресекува хоризонтална црта.

Симболот на рубљата, кој ќе се користи за дизајнирање на банкнотите, денес беше утврден од страна на директорите на Банката на Русија, изјави претседателката на централната банка Елвира Набиулина.

На одлуката и претходеше јавна расправа на сајтот на Банката на Русија од 5. ноември до 5. декември, во која граѓаните гласаа за едно од петте понудени дизајнерски решенија за новиот симбол на рубљата.

Во гласањето учествуваа 280.000 лица, а најпопуларниот знак – кириличната буква „Р“ со хоризонтална црта, освои повеќе од 61 процент од гласовите, далеку повеќе од второпласираното решение кое освои 19 проценти од гласовите.

Новиот симбол на рубљата, исто така, ќе може да се појави и на компјутерските тастатури, пренесува агенцијата АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП