11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата на Кипар презема мерки против невработеноста

Владата на Кипар презема мерки против невработеноста

kipar6

Кипарските власти издвоија 340 милиони евра за борба против невработеноста, за која се очекува дека наредната година ќе надмине 19 проценти.

Кипарскиот претседател Никос Анастасијадис изјави дека 300 милиони евра – од кои половината ќе ги обезбеди Европската инвестициска банка – ќе бидат насочени кон комерцијалните банки за кредитирање на мали и средни претпријатија по ниски каматни стапки, пренесува агенцијата АП.

Околу седум милиони евра ќе бидат наменети за субвенционирање на платите за секој вработен во 1.000 мали претпријатија и тоа во траење од 10 месеци, а кипарската влада во траење од шест месеци ќе обезбеди половина плата за нововработените.

Дополнителни 8,5 милиони евра ќе бидат искористени за помош на дипломираните студенти под 35 години со цел да добијат шестмесечно работно искуство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП