30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГаспром го купува Киргисгас

Гаспром го купува Киргисгас

gaspromce

Собранието на Киргистан ја одобри продажбата на презадолжената државна компанија „Kиргисгас“ на рускиот „Гаспром“ за цена од еден долар.

За овој договор гласале 78 од 120 претеници, а ова го соопшти прес-службата на парламентот на Киргистан.

Двете компании кон крајот на јули потпишаа меѓувладин договор во Москва, со кој беше договорено „Гаспром“ за симболична сума да го добие мнозинскиот дел во „Киргисгас“, а осум проценти да бидат во рацете на Социјалниот фонд на Киргистан и на индивидуалци.

Покрај купувањето на активата на „Киргисгас“, рускиот „Гаспром“ ќе ги отплати долговите на оваа компанија, кои се проценуваат помеѓу 30 и 50 милиони долари.

Владата на Киргистан очекува дека „Гаспром“ по влегувањето на нејзиниот пазар ќе потроши околу 655 милиони долари во дистрибутивен систем за гас, како и за геолошки истражувања во оваа земја.

Покрај тоа, властите во Киргистан се надеваат дека „Гаспром“ ќе им обезбеди на потрошувачите постојани резерви на гас, затоа што граѓаните во текот на есента и зимата обично се соочуваат со недостаток на овој енергент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП