ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаг раст на приходите во Франција

Благ раст на приходите во Франција

francepariz1

Во францускиот приватен сектор просечната плата во третиот квартал е зголемена за 0,3 проценти, соопшти централната агенција за социјална безбедност на Франција „Акос“.

Во Франција, на годишно ниво, просечната плата се зголемила за 1,8 проценти, додека меѓугодишната инфлација на крајот на септември изнесуваше 0,9 проценти, пренесува агенцијата Ројтерс.

Вкупниот платен фонд во споменатиот квартал во приватниот сектор е зголемен за 0,2 проценти, додека бројот на вработените е намален за 0,1 проценти, односно за 15,600 лица.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП