ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЕврозоната се разбуди, по девет месеци растот го достигна највисокото ниво

Еврозоната се разбуди, по девет месеци растот го достигна највисокото ниво

Активноста на приватниот сектор во еврозоната во август достигна највисоко ниво во последните девет месеци, покажува прелиминарната проценка на „S&P Global“. Растот е поттикнат пред сè од индустријата, додека Германија се издвојува како главен двигател на економското закрепнување.

Композитниот индекс на менаџери за набавки (PMI) се зголеми на 52,1 поен, од 52 поени во јули. Со тоа, индексот дополнително се оддалечи од границата од 50 поени, која го раздвојува растот од падот на економската активност.

Најголем придонес за подобрувањето има производствениот сектор. PMI во индустријата се зголеми од 51,9 на 52,8 поени, што е највисоко ниво забележано за повеќе од четири години.

Индексот на индустриското производство достигна 53,4 поени, што претставува најбрзо темпо на раст во последните четири и пол години.

Секторот на услуги, пак, продолжи да расте со стабилно темпо. Индексот остана на 51,7 поени, исто како и во јули.

Германија го предводи индустриското закрепнување

Најизразено индустриско закрепнување е забележано во Германија, каде што производството оствари најбрз раст од јануари 2022-ра година.

Ситуацијата во Франција е поинаква. Таму деловната активност продолжи да се намалува.

Во останатиот дел од еврозоната, без Германија и Франција, економската активност достигна најсилно ниво од април 2022-ра година.

Економистите како главни причини за подобрувањето ги издвојуваат зголемената побарувачка за технологии поврзани со вештачката интелигенција, повисоките инвестиции во опрема поради зголемените трошоци за одбрана во Германија, како и превентивното складирање поради нарушувањата во синџирите на снабдување на Блискиот Исток.

Растат и нарачките и извозот

Податоците покажуваат подобрување не само кај вкупното производство, туку и кај новите нарачки.

Особено позитивен сигнал е растот на извозот. Тој во август забележал раст за првпат во четири и пол години, што укажува на подобрување на побарувачката за европските производи на странските пазари.

Дополнително охрабруваат и податоците за ценовните притисоци.

Притисоците врз трошоците на инпутите и цените дополнително се намалиле, додека растот на цените во секторот на услуги паднал на најниско ниво од почетокот на годината.

Тоа сугерира дека економското закрепнување во еврозоната засега се одвива со нешто послаби инфлациски притисоци, иако услугите и понатаму остануваат важен фактор за движењето на цените.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП