26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДомашната ракија ќе се брендира

Домашната ракија ќе се брендира

rakija

Брендирање на домашната ракија и стандардизација на производството, се целите на проектот што го реализира секторот за вино при Фондацијата „Тиквешки вински пат”.

Резултатите од истражувањата во рамки на проектот „Унапредување на производството на ракија, како прв чекор во нејзиното брендирање” беа презентирани синоќа во Кавадарци.

Како што рече Дивна Јордановска, директор за вино во Фондацијата „Тиквешки вински пат”, целта е да се истражи начинот на производство на ракија во домашни услови и да се укаже на грешките со цел нивно надминување.

На презентацијата зборуваше и проф. д-р Горан Миланов од Институтот за лозарство и винарство, тим лидер на консултантите во проектот.

Проектот е кофинансиран од Министерството за економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП