1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИФЦ поддржува побрз проток на стоки низ земјите од Западен Балкан

ИФЦ поддржува побрз проток на стоки низ земјите од Западен Балкан

ifc

ИФЦ, членка на групацијата на Светска банка и ЦЕФТА беа домаќини на регионална средба на царинските управи, санитарни и фитосанитарни агенции од регионот. Средбата се одржа на 5 декември во Скопје каде се дискутираше за олеснување на трговијата и зајакнување на соработката меѓу институциите кои вршат гранична контрола во регионот. Учесниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово разговараа за можностите за соработка меѓу институциите, поедноставување на процедурите за граничната контрола, хармонизација на документи и управување со ризици во трговијата.

Г-ѓа Violane Konar-Leacy, проект менаџер на проектот на ИФЦ за логистика при трговија во Западен Балкан, ја истакна важноста на редовни регионални координативни состаноци кои ќе им овозможат на земјите да ги споделат своите искуства и да работат заеднички за олеснување на трговијата.

Голем број на идеи беа дискутирани кои ќе придонесат за забрзување на царинските постапки, истовремено обезбедувајќи заштита на здравјето на потрошувачите и квалитет на стоките.

Заменик директорот на македонската Агенција за храна и ветеринарство Абдулезел Догани изјави: “Една регионална мрежа, каде што претставници од различни агенции и земји се сретнуваат, е најважниот модел за размена на искуства и за развој на заеднички решенија. Добро е да се видат на една маса главните институции кои вршат гранична контрола како разговараат за олеснување на трговијата.“

ИФЦ и македонската Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) ја нагласија нивната соработка во областа на анализата на ризик. Тие имаат работено заедно во текот на изминатите 7 месеци на интегрирање на таканаречен “пристап базиран на ризик“ во граничните контроли вршени од страна на АХВ кој ќе придонесе за потаргетирани и ефективни инспекции. Колеги од другите агенции во регионот изразија интерес за спроведување на овој пристап и во нивните земји.

 

За ИФЦ
ИФЦ, членка на групацијата на Светска Банка, е најголемата глобална развојна институција која е фокусирана  исклучиво на приватниот сектор. Работејќи со приватни претпријатија во повеќе од 100 земји, ние ги користиме нашиот капитал, експертиза и влијание за да помогнеме да се елиминира екстремната сиромаштија и промовира заеднички просперитет. Во финансиската година 2013, нашите инвестиции се искачија на највисоко ниво од речиси 25 милијарди долари, зголемувајќи ја моќта на приватниот сектор за создавање работни места и решавање на најнеопходните предизвици за развојво светот. За повеќе информации, посетете јаvisit www.ifc.org.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП