18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБидете внимателни со габичните инфекции

Бидете внимателни со габичните инфекции

gabichniinfekcii1

Габичните инфекции можат да бидат предизвикани од бактерии, габи и вируси што се наоѓаат секаде околу нас. Ги има во почвата, на растенијата, во воздухот. Првите знаци што се појавуваат како бели дамки по кожата, непријатен мирис  или пожолтени нокти не треба да предизвикаат паника. Тие алармираат дека се случува некоја промена во организмот. Всушност, вистинско време е да го посетите докторот и да дознаете што се случува со вас.

Инфекцијата на кожата може да биде заразно пренослива од заболен  човек, домашно милениче или од  јавен објект.

Посебно се распространети габичните инфекции, бидејќи габите делуваат како самостојни микроорганизми. Тие се паразити и им треба друг организам како домаќин за да преживеат.

Обично не претставуваат опасност по здравјето на луѓето. Најчесто ги напаѓаат ноктите, косата, кожата, слузокожата и некои одделни органи.

Габите се множат на влажни места. Треба да се избегнува користење на туѓа облека или употреба на заеднички личен прибор за хигиена.

Симптоми на габични заболувања се: отоци, чешање на кожата, црвенило, заматување и здебелување на нокотот.

По препорака на доктор, се користат средства што ќе помогнат кожата да се регенерира, и кои ќе доведат до исчезнување на габичните инфекции и подобрување на животниот квалитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП