27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина има потреба од 20 милијарди евра

Украина има потреба од 20 милијарди евра

mikola1

На економијата на Украина и се неопходни 20 милијарди евра помош поради последиците од евентуалното потпишување на Договорот за пристапување во ЕУ, изјави премиерот Микола Азаров.

„Ние предлагаме прашањето да се регулира со обезбедување на финансиска помош за Украина. Ние пресметавме дека се неопходни околу 20 милијарди евра“, изјави Азаров на состанокот со Владата.

Тој изјави дека Киев предложува ЕУ да учествува во финансирањето на проектите кои би биле корисни и за Украина и за ЕУ, како што е модернизацијата на „Коридорот за транспорт“, на тој начин алудирајќи на гасоводите низ Украина.

Киев на почетокот на ноември се откажа од потпишувањето на Договорот за пристапување во ЕУ, постапка која беше објаснета со фактот дека Украина не може да си дозволи економски загуби кои ќе следат поради евентуалните затегнати односи со Москва.

Поради таа одлука на властите во Киев, таму веќе три недели траат протестите.

„И владата е за потпишувањето на Договорот со ЕУ но сакаме да обезбедиме услови и во најголема можна мера да ги намалиме загубите  за нашата економија“, изјави Азаров.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП