2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогов: Македонската економија да ја задржи стабилноста и да биде столб на...

Богов: Македонската економија да ја задржи стабилноста и да биде столб на сите други политики

Dimitar-Bogov

Да направиме се македонската економија да ја задржи стабилноста, да ги задржи добрите перформанси во иднина, со цел да остане како цврст столб на сите останати политики во Македонија, а со тоа се гарантира и пошироко
стабилноста на земјата.

Ова го истакна гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов одговарајќи на новинарски прашања пред предавањето на тема „Монетарната политика по глобалната криза и користењето на неконвенционалните мерки:Светот и РМ“ во Американ колеџ.

Потенцира дека на она што треба да се внимава е да не се наруши рамнотежата во македонската економијата бидејќи, како што рече, во наредната година се очекува закрепнување на растот на приватниот сектор.

– Ако досега тој беше поттикнуван од странските директни инвестиции и јавните инвестиции, сега од приватниот сектор, со тоа ќе се зголемува и домашната побарувачка и во такви услови треба да се внимава да не се
наруши рамнотежата во македонската економија, истакна Богов.

Во однос на оценката на Светска банка рече дека можеби најдобро стоиме во регионот, но оти треба да бидеме внимателни и да се извлече поука од примерот на земјите во регинот кои западнаа во одредени тешкотии.

За задолжувањето на државата посочи дека темпото кај сите земји беше забрзано, а кај западните тоа беше многу побрзо, и неопходно до оној период додека беше потребно и се поттикнуваше економијата.

– Но, додава, веќе тој период одминува со закрепнување на приватниот сектор и мора да дојде до намалување на фискалниот стимул.

За девизните резерви истакна дека се на адекватно ниво, дека се стабилни и можат да ги издржат сите потенцијални шокови.

Регистрираното намалување, потенцира, е резултат главно на ценовните промени кај златото и оти во последните три-четири месеци има откуп на девизи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП