Разговорите со шефот речиси секогаш се непријатни, па повеќето од вработените се обидуваат да ги избегнат, но понекогаш тие се неопходни за да ги заштитат вашите права и да го намалат стресот што влијае на вашата продуктивност. Ова се трите интервјуа кои секој вработен треба да ги направи со својот шеф.
Разговор 1: “Јас сум преоптоварен со работа!”
Кога е вистинското време за овој разговор: Кога ќе почувствувате дека имате премногу работа и многу малку време, и пред да се скршите и почнете да плачете хистерично во канцеларијата.
Вашата стратегија: Испечатете ги црно на бело вашите работни обврски и работните саати во текот на денот, и спокојно објаснете дека е невозможно да се направат толку многу нешта во еден ден. Објаснете дека ја сакате својата работа, и дека не сакате да направите штета во фирмата поради недостаток на време и непотребни задачи, и стресот наведете го како причина. Секој шеф кој се грижи за својата работа треба да сфати дека никому не користи претрупувањето со работа на работникот.
Разговор 2: “Јас си одам!”
Кога е вистинското време за овој разговор: Откако ќе направите план за иднината и ќе најдете нова работа. Исто така, дури и ако немате работа, обезбедете доволно количество на пари на сметката за следните два месеца, додека се снајдете.
Вашата стратегија: Дури и ако едвај чекате да си одите, кажете дека тоа било тешка одлука. Останете културни до крај и не навредувајте, не обвинувајте и не ширете канцелариски озборувања. Заблагодарете се за можноста која ви ја дал газдата, и бидете прецизни во врска со датумот на кој си заминувате од фирмата. Запомнете: Важно е да се остане во многу добри односи со поранешнте работодавци, бидејќи никогаш не знаете каде може да се сретнете повторно, или со кого тие се познаваат.
Разговор 3: “Сакам повисока плата!”
Кога е вистинското време за овој разговор: После некои значајни достигнувања, кои сте ги направиле за вашата фирма, или после подолго време работа, а бројките на листот за плата не се промениле.
Вашата стратегија: Направете добра презентација во која ќе се претставите себеси и вашите успеси. Не обвинувајте колеги кои работат помалку од вас, и не користете фрази како “Сакам” или “Заслужувам”. Однесувајте се сериозно и професионално, и покажете му на шефот колку сте придонеле за компанијата во последните години и предложете плата што ќе одговара на вашата работа и успеси. Потоа заблагодарете се што ве примиле на разговор и мирно почекајте ја неговата одлука. Доколку е неуспешно, по неколку месеци појдете со нови резултати и обидете се повторно.