2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСо секој постпејд договор - ваучер за 50% намалена претплата на нова...

Со секој постпејд договор – ваучер за 50% намалена претплата на нова линија

Vip-Srbija

И оваа зима Вип ги изненадува своите постпејд корисници и им нуди можност да добијат или подарат постпејд линија со 50% намалена претплата. Имено, со секој нов постпејд договор или обнова на постоечки договор на 24 месеци, корисниците добиваат ваучер за уште една линија со 50% намалена претплата, со која се добиваат сите предности што ги нуди соодветниот Vip Free+ тарифен модел.

– Во овие претпразнични мигови им нудиме на нашите корисници на атрактивните Vip Free+ тарифни модели несекојдневна можност да добијат ваучер со промотивна месечна претплата со 50% попуст, кој може да го искористат за себе или да го подарат некому.  Ова е сезона на дарување и празнување и со оваа промоција Вип им нуди на своите корисници навистина неограничена комуникација и повеќе уживање, изјави Џакомо Тоњони, Главен маркетинг директор на Вип.

Секоја нова линија или обнова на 24 месеци добива ваучер со 50% попуст за нова линија во текот на 24 месеци со соодветен Vip Free+ тарифен модел, кој е со иста или пониска месечна претплата како и линијата за која е доделен ваучерот. Попустот на месечната претплата се однесува на целокупното времетраење на договорот од 24 месеци. За линиите активирани со ваучер не следува издавање дополнителен ваучер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП