20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWestJet ги исполни празничните желби на своите патници (видео)

WestJet ги исполни празничните желби на своите патници (видео)

westjet1125

Канадската авиокомпанија „WestJet“ ги искористи празничните денови за да ги почасти своите патници…

Повеќе од 250 патници, кои од меѓународните аеродроми во Торонто и Хамилтон летаа за Калгари, си заминаа дома со полни раце бидејќи компанијата „WestJet“ им подари се што тие посакаа.

Меѓу подароците се најдоа телевизори, камери, играчки, долна облека и чорапи, односно сите подароци кои патниците ги посакаа во тој момент.

Патниците наместо багажот, ги добија подароците за кои претходно кажаа дека ги посакуваат.

„WestJet“ не прецизираше колку ова маркетинг промовирање го чинеше, но откри дека Божиќното дарување го смислиле уште во август и дека во проектот учествувале дури 175 волонтери.

Од таму изјавија дека нивните патници се најважната работа во нивниот бизнис, „задоволните патници ни носат профит но и ни го разубавуваат денот“. Погледнете го видеото и уживајте во позитивните реакции на патниците…

Браво за компанијата!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП