19 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТим од соништата: Колеги кои ќе ви донесат успех

Тим од соништата: Колеги кои ќе ви донесат успех

tim

Доколку сакате да постигнете нешто во вашата работа, за тоа ви се потребни добри соработници.

Постојат неколку типови на луѓе кои мора да ги имате во својот тим доколку сакате успех.

Поттикнувач

Тоа е личност која постојано ќе ве турка напред и која ќе ве натера да размислувате. Некој кој ќе ве мотивира постојано да се искачувате на нови скалила. Оваа личност мора да биде полна со енергија и ентузијазам.

Скептик

Оваа личност е „адвокат на ѓаволот“, која поставува тешки прашања и ги гледа проблемите уште пред да се појават. Мора да ја имате и нејзината визија за состојбата.

Одговорен

Оваа личност е гласна и борбена, од вас ќе бара да ја завршите работата. Таа е чувар на импулси, која се залага се да биде направено на време и сите цели да бидат исполнети.

Пример

Оваа личност е ваш ментор, херој. Личност каква би сакате да бидете. Таа е вистински авторитет.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП