5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците најнезадоволни од својата работа

Американците најнезадоволни од својата работа

office-worker

Американците најмногу ја мразат својата работа, додека најмногу Канаѓаните уживаат во извршувањето на своите работни задачи, покажуваат резултатите од истражувањето на ГфК.

Анкетата, во која учествувале осум илјди вработени лица од САД, Канада, Индија и Европската унија, покажала дека 15 отсто од вработените Американци ја мразат својата работа, додека таков одговор дале само седум отсто од Канаѓаните.

Најсреќни на работа се Канаѓаните, односно 64 отсто од нив се задововолни од својата работа, а по нив се Холанѓаните со 57 проценти. Само седум отсто од Холанѓаните ја мразат својата работа.

Повеќето Германци, односно 57 проценти се неутрални, односно ниту ја сакаат, ниту ја мразат својата работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП