11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТоп 5 скапи технологии кои станаа достапни (видео)

Топ 5 скапи технологии кои станаа достапни (видео)

tehnologii koli

Како и во другите сфери од животот, во придобивките од новите технологии во автомобилската индустрија најпрво можеа да уживаат само оние со подлабок џеб – сопствениците на скапи и супер-спортски модели. Сепак, порано или подоцна, технолошките напредни системи почнуваат да се вградуваат и во автомобилите кои се достапни за просечните купувачи.

Првично скапите и ретки, некогаш многу напредни технологии, сега можеме да ги пронајдеме и во автомобилите кои возиме или секојдневно ги гледаме на патиштата.

Американскиот „CNET“ направи Топ листа на пет системи кои првично се појавиле во скапите, луксузни модели или на тркачките автомобили, а сега се стандардни во авто-индустријата.

Меѓу нив е функцијата која во одредена мера го елиминира пролизгувњето на тркалата при остар старт, системот познат како „Launch Control“, кој води потекло од Формула 1, но и турбо-полначот, кој денеска е многу распространет во различни верзии во автомобилската индустрија.

Погледнете ја комплетната листа на некогаш многу скапи и ретки, а денеска сосема пристапни технологии во автомобилите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП