28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Inditex непроменет

Профитот на Inditex непроменет

zara121

Најголемиот светски производител на облека „Inditex“, познат по брендот „Zara“, во тековниот квартал, ја зголеми продажбата за 10 проценти во однос на истиот период минатата година, соопштија од таа компанија.

Оваа шпанска компанија која поседува 6.249 продажни објекти во целиот свет, во периодот од јануари до септември оваа година оствари профит од 1,67 милијарди евра, што е на исто ниво со истиот период минатата година и е во согласност со предвидувањата на аналитичарите, пренесува Ројтерс.

Групацијата прецизираше дека во дури 86 земји, вредноста на продажбата опаднала поради неповолниот ефект на девизните курсеви, односно преценетото евро во однос на другите валути.

Бруто оперативниот профит во првите девет месеци изнесувал 2,78 милијарди евра, додека приходите беа 11,93 милијарди, и двата резултати се во согласност со очекувањата на финансиските експерти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП