Албанија ќе добие заем од Светската банка во износ од сто до 200 милиони долари, изјави во Тирана претставник на Банката, јави БТА.
Во последниот извештај на СБ за состојбата на економиите на земјите во регионот, експертите прогнозираат тешки времиња за албанската економија.
Според нив следната година економскиот раст во Албанија ќе биде едвај 1,3 отсто.
– Нашите прогнози покажуваат дека следните две до три години економскиот раст во Албанија ќе биде едвај меѓу два и три отсто, нагласуваат експертите од СБ.
Претставници на СБ, кои веќе неколку дена се во посета на Тирана, предупредуваат дека лошите кредити, кои продолжуваат да бидата мошне високи во регионот, се сериозен ризик за албанската економија.