3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИZetor го проширува производството и бара нови работници

Zetor го проширува производството и бара нови работници

zetor1156

Чешкиот производител на трактори „Zetor“ во наредните пет години ќе го прошири своето производство од три на шест модели и ќе вработи неколку десетици нови вработени.

Тракторите на „Zetor“ сега покриваат категории од 70 до 140 коњски сили. Компанијата планира во следните пет години да ја прошири својата понуда од 50 до 200 коњски сили и да се класифицира меѓу производителите на трактори со повисоки технички стандарди, пренесува агенцијата АП.

„Zetor“ во првата половина од годината ја зголеми својата добивка за 47 проценти, на 200 милиони круни (7,27 милиони евра). Прометот е зголемен за четири проценти на 2,2 милијарди круни.

Компанијата оваа година го обнови производствотo на тракторите „Major“, трактори за фамилијарни фарми, кои ги произведе во 2006 година.

Оваа година, компанијата, според претходните информации, очекува добивка од околу 300 милиони круни, како и благ раст на прометот. Минатата година прометот изнесуваше 4,4 милијарди круни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП