2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Сеуште не сме победиле

Лагард: Сеуште не сме победиле

C

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард ја предупреди Европа дека е премногу рано да се прогласи победа над долготрајната економска криза.

Таа ја повика ЕУ да вложи дополнителни напори и да ги спроведе неопходните реформи.

Обраќајки се на Европскиот парламент, Лагард изјави дека Брисел остварил напредок во решавањето на кризата, но нагласи дека постојат јасни знаци дека кризата не е целосно помината, пренесува агенцијата Франс прес.

„Можеме ли да кажеме дека кризата е зад нас, во исто време кога 12 проценти немаат работа? Мислам дека не е коректно да тврдиме дека кризата е завршена, кога има уште многу работи кои мора да се направат“, изјави директорката на ММФ.

Лагард ја повика Европската централна банка, која во ноември изненади со намалувањето на каматните стапки, да ги задржи каматните стапки и да дејствува доколку нивото на инфлација и понатака опаѓа.

Банкарската унија, која министрите за финансии ја договараат во Брисел, останува приоритет, наведе таа, додавајќи дека од клучно значење е повторно да се воспостави проток на поволни кредити за компаниите и домаќинствата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП