21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија конечно излезе од рецесија

Италија конечно излезе од рецесија

italy1italy2

Италијанската економија стагнираше во третиот квартал од оваа година, по двете години на постојан пад.

Тоа значи дека најдолгата рецесија од Втората светска војна на Апенинскиот полуостров заврши по двете последователни години.

Италијанскиот завод за статистика Истат ги корегираше претходните прелиминарни податоци за падот на бруто домашниот производ (БДП) во третиот квартал од 0,1 проценти на нула проценти.

Истат исто така ја намали прогнозата за пад на БДП на годишно ниво од првичните прогнозирани 1,9 проценти на 1,8 проценти.

Во соопштението се наведува дека, без оглед на резултатите во периодот од јули до септември, сеуште е рано да се каже дека рецесијата во Италија е завршена.

Во вториот квартал економскиот раст се намали за 0,3 проценти во однос на претходниот квартал, односно за 2,2 проценти на годишно ниво. Во третиот квартал, италијанската економија е поттикната од акумулацијата на залихи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП